Судија кој во Катар ги остави со играч помалку ќе им суди на Мароканците со Франција!

by Стефан
1 минути читање

Аргентинскиот судија Факундо Тељо е одреден да го суди четвртфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Мароко, кој ќе се одигра утре од 22 часот.

Одлуката на ФИФА доаѓа веднаш по контроверзиите околу делегирањето на францускиот судија Франсоа Летексије за осминафиналниот натпревар меѓу Аргентина и Египет, по кој имаше бројни реакции и обвинувања за спорни судиски одлуки.

Изборот на Тељо предизвика незадоволство кај дел од мароканските навивачи. Токму аргентинскиот арбитар им судеше и во четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година, кога Мароко ја совлада Португалија со 1:0. Иако Мароканците тогаш изборија историски пласман, Тељо му покажа два жолти картони во само неколку секунди на напаѓачот Валид Чедира, по што следуваше исклучување.

За натпреварот во Бостон, ФИФА одреди комплетна судиска екипа од Аргентина. На Тељо ќе му асистираат Хуан Пабло Белати и Габриел Чаде, четврти судија ќе биде Дарио Ерера, додека резервен помошен судија е Кристијан Наваро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×