Маркус Рашфорд ѝ се нуди на Барселона: „Се надевам…“

by 24 фудбал
1 минути читање

Маркус Рашфорд изјави дека би сакал да заигра со Ламин Јамал во Барселона. Напаѓачот на Манчестер јунајтед, кој дел од минатата сезона ја мина на позајмица во Астон Вила, моментално тренира индивидуално во Шпанија додека траат шпекулациите за неговата иднина.

Секако, кој не би сакал да игра со најдобрите? Ламин е неверојатен. Се надевам… ќе видиме“, рече Рашфорд, пренесе денес BBC.

Тинејџерот Ламин Јамал имаше блескава сезона – ја освои двојната круна со Барса и го предводеше тимот до полуфинале во Лигата на шампионите. Минатото лето настапи и за Шпанија на Мундијалот во Германија, кој „црвената фурија“ го освои.

Тешко е да се објасни со зборови што прави тој. Не е нормално тоа да го гледаш од фудбалер со 16-17 години. Тоа е ретка комбинација на талент и менталитет“, додаде Англичанецот.

Рашфорд не е во добри односи со тренерот Аморим, кој го исфрли од тимот во декември, а спортскиот директор на Барса, Деко, неодамна потврди интерес и за него и за Луис Дијаз. Сепак, финансиските ограничувања на Ла Лига може да бидат пречка за трансфер, особено бидејќи Барса веќе има договор со Нико Вилијамс, кој сè уште не е реализиран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×