122
Македонскиот напаѓач Марко Ѓорѓиевски и официјално се враќа во домашното првенство, откако по една сезона во романскиот Херманштад кариерата ќе ја продолжи во редовите на Шкендија.
Тетовскиот клуб го потврди ангажманот на 26-годишниот голгетер, кој во минатото настапуваше и за младата репрезентација на Македонија.
Пред заминувањето во Романија, Ѓорѓиевски беше дел од Шкупи, Академија Пандев и Борец, а интернационално искуство стекна и во Србија, каде ги носеше дресовите на Раднички и Вождовац.
Шкендија не плати обештетување за неговиот трансфер, бидејќи Ѓорѓиевски пристигнува како слободен играч по раскинот на договорот со Херманштад.