Маркињос прва жртва од циркузот на дуелот помеѓу Бразил и Аргентина

by
1 минути читање

Маркињос го
напушти кампот на „кариоките“ и нема да игра против Перу. Дефанзивецот требаше
да одработи казна на мечот помеѓу Бразил и Аргентина, големото дерби беше
прекинато по пет минути игра, а потоа и суспендирано откако здравствените
власти и полицијата влегоа на терен да апсат четворица фудбалери на „гаучосите“.

На луѓето од Фудбалската
федерација на Бразил им е нејасно дали Маркињос ја одработил казната, за секој
случај се консултирале и со ФИФА, но откако не добиле гаранции од светската куќа
на фудбалот, решиле ништо да не ризикуваат.

Па Маркињос
наместо да патува со останатиот дел од тим во Ресифе, ќе фати лет за Франција и порано
од планираното ќе му се приклучи на ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани