„Светците“ со
победа го започнаа ре-стартот на Лига 1, избраниците на Галтие потешко од
очекувањата го совладаа Стразбур со 2-1.
Маркињос го
отвори резултатот во 14. минута, одлично се снајде по еден прекин и со глава
биеше за 1-0. По пет минути игра во второто полувреме дефанзивецот успеа да ја
затресе и сопствената мрежа откако немаше среќа при една акција на гостите и
изедначи на 1-1.
За проблемите на
домаќините да бидат поголеми, Нејмар набрзина заработи два жолти картони и беше
исклучен.
Сепак, трите бода
останаа во Париз откако во финишот од мечот беше досуден пенал а Мбапе во 96. минута
погоди од белата точка за 2-1.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.