Реал Мадрид претрпе убедлив пораз од 3-0 на гостувањето кај Арсенал во Лигата на шампионите со головите на Деклан Рајс и Микел Мерино.
Во финишот на оваа средба црвен картон заработи Едуардо Камавинга поради втора јавна опомена. Тој ќе го скокне реваншот и наиде на сериозни критики во Шпанија. Една од најжестоките беше онаа на угледната „Марка“, која навистина удри по францускиот репрезентативец:
„Сезонава Едуардо Камавинга назадува, тоа се виде и во Лондон. Во одбраната лесно го поминуваат, а напред е неспретен и не можеш да се потпреш на него. Покажува голема желба, ама малку вештина и малку фудбал.
Се бара Камавинга, ако некој го најде нема му се јави на Карло Анчелоти“.
Едуардо Камавинга пристигна во Реал Мадрид пред четири години од Рен за 31 милион евра.