Марка: Роналдо е во проблеми

by
2 минути читање

Роналдо стана доминантен сопственик на Ваљадолид во септември 2018 година кога купи 51 процент од акциите. Во декември 2021 година ја презема контролата и над Крузеиро, клубот каде ја започна кариерата и во него вложи 70 милиони долари.

И на двата клуба не им оди. Ваљадолид е во втората шпанска лига. Сезоната ја почна ужасно со една победа на пет натпревари, па наместо да се борат за враќање во Ла Лига, тие изгледа ќе водат борба за опстанок.

Крузеиро е во низа од осум натпревари без победа и имаат пет бодови над зоната за испаѓање од лигата.

Навивачите на Ваљадолид излегоа на улица и јавно протестираа против Роналдо и покрај тоа што тој ги спаси од банкрот. Слично е и со навивачите на Крузеиро кои прстот за лошите резултати го вперуваат во бразилската фудбалска икона.

„Марка“ судејќи според актуелната форма и севкупна ситуација во двата клуба, прогнозира дека работите за Роналдо може да стануваат и уште полоши.

@2024 – Сите права задржани