Престижниот весник раскажа како течел целиот процес на обнова, додека јавноста чекаше повеќе од обично да го види исходот: дали Модриќ ќе продолжи да игра во Реал и следната сезона?
Хрватскиот ас неодамна доби понуда од Саудиска Арабија да премине таму, штом му истече актуелниот договор со Реал, на крајот од јуни. Откако ја одбил таа понуда, богатите шеици пратиле нова, уште побогата, во потрага по неговото „да“. Сепак Модриќ ставил до знаење дека не сака да оди, а набргу потоа стигнал предлог и од Катар. Не така богат како тој на Саудијците, но повторно убаво „накитен“ ако се спореди со европските плати.
Модриќ и понатаму одбивал, но откако овие понуди станаа и јавни, очекувал дека некој во клубот ќе се загрижи да не случајно ги прифати парите од Блискиот Исток, па да го повика за обнова. Меѓутоа во Мадрид – штама!
„Во белиот клуб се плашеа дека Модриќ ќе прифати. ‘Дали сака да оди во Саудиска Арабија?’ се прашуваа во Реал, каде што, пак, долго време чекале некаков потег од Хрватот за да продолжат понатаму“, раскажува „Марка“.
Меѓутоа, Модриќ не е познат по помпезност и барање публицитет, па така течат и неговите преговори обично. Овој пат, по сето ова решил „самиот да го фати бикот за рогови“ и побарал состанок во четири очи со Флорентино Перез. На состанокот му рекол дека не ги сака арапскиот милиони, сака да остане во Мадрид, меѓутоа тоа не да биде од благодарност или сожалување, туку сака да игра и да биде фактор во тимот, како и досега.
Перез бил воодушевен од пристапот на фудбалерот и веднаш му рекол „продолжуваме“ уште една година под истите услови. Пружиле рака и – толку. Немало потреба ни од потписи, ни од сомнежи. Се очекува договорот да биде официјализиран по полуфиналето со Манчестер сити, смета Марка.
Со тоа, Модриќ ќе игра за Реал и на свои 38 години, со што ќе стане вториот највозрасен фудбалер во неговата историја, по Ференц Пушкаш, кој го носел дресот и на 39 години и 36 дена. За такво нешто на Модриќ ќе му треба договор и за 2024/25.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.