Марка откри нови детали и порача: Барселона прилично евтино го купи Рафиња

by
1 минути читање

Барселона
минатата недела го официјализираше трансферот на Рафиња, но иако беа испратени
две соопштенија, во ниту едно не беа откриени детали од зделката, за разлика од
трансферот на Роберт Левандовски и известувањето со кое беше споделено дека се
работи за зделка од 45+5 милиони евра.

Медиумите
шпекулираа со најразлични бројки, се пишуваше за трансфер од 55+10 милиони, 58+7
милиони , 58+9 милиони, па и 58+10 милиони евра.

Сепак, според денешното
издание на Марка, ниту една од овие суми не е точна и Барселона прилично евтино
го купила Рафиња.

Весникот пренесува
дека се работи за зделка од 48 милиони евра, плус додатни 12 милиони евра во
бонуси. Исто така, бонусите се прилично тешки за остварување и најголемиот дел
од сумата е поврзана со триумф во Лигата на шампиони.

Рафиња имаше
одлично деби во дресот на „каталонците“, и на пријателскиот натпревар против
Интер Мајами погстигна гол и забележа две асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани