Марка: Готово е, Алонсо ќе биде наследникот на Анчелоти!

by riste
1 минути читање

Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека Реал Мадрид и Чаби Алонсо си подале рака за тригодишен договор, тој и дефинитивно ќе биде следниот тренер на кралскиот клуб.

Кога ќе заврши последното коло од Ла Лига, Карло Анчелоти ќе си замине од Реал Мадрид и ќе заврши една позитивна ера.

Брзо потоа ќе почне друга, Алонсо и Реал Мадрид постигнале согласност за договор до јуни 2028 година.

Алонсо кој е поранешен играч на Реал Мадрид, во Баер Леверкузен се промовираше како еден од најперспективните тренери на денешницата освојувајќи ја Бундеслигата и Купот на Германија.

Но, Реал Мадрид ќе биде вистински предизвик за него бидејќи тежината на клубот е многу поголема од онаа на Леверкузен.

„Марка“ пишува дека Алонсо би го преземал кормилото на Реал Мадрид по завршувањето на Светското клупско првенство, а на ова натпреварување тимот ќе го води Солари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани