Атлетико Мадрид
вечерва соопшти дека имаат две лица заразени со ковид 19. „Колчонероси“ утре
требаше да отпатуваат за Лисабон и Ф8 турнирот во Лигата на шампиони, па како
дел од протоколоите, целата експедиција била тестирана. Од 93 теста, два биле
позитивни на коронавирус.
Клубот од „Ванда
Метрополитано“ не го откри идентитетот на заразените, ниту пак појасни дали
станува збор за фудбалери или луѓе од персоналот на клубот.
Според пишувањето
на Марка, барем еден играч е позитивен на коронавирус. И не само тоа,
сомнителен е уште еден негов соиграч, и тоа може да донесе поголем број на
заразени во групата со оглед на тоа дека е одработен тренинг без да се знаат резултатите.
Утре на сите ќе
им бидат направени нови тестови и Атлетико ќе мора да го одложи летот за
Португалија.