„Топчиите“
денеска стигнаа до контровернза победа од 2-0 над Хал откако домаќините дојдоа
во водство со гол со рака на Алексис Санчез.
Марк Клатенбург
по кратко советување со својот асистент покажа кон центарот и покрај протестите
од гостинските играчи.
Дефанзивецот на
„Тигрите“, Енди Робертсон сега открива дека Марк Клатенбург ја признал грешката
на стартот од вториот дел и му се извинил на Хал.
„Да, Санчез
играше со рака” – вели Робертсон.
„Кога излеговме
на теренот по паузата, судијата ни се извини и ни кажа дека имало играње со
рака, па очигледно на полувремето ги прегледал снимките и видел дека погрешил”.
„Ни кажа дека не
бил 100% сигурен. Нашиот аргумент е дека не требал да го признае голот доколку
не бил сигурен, но пак другата страна е со аргумент дека не требал да го поништи
доколку не е сигурен”.
„Тоа е
објаснувањето кое ни го даде. Очигледно мал број на судии признаваат дека
згрешиле, тоа е позитивна работа, но резултатски не ни значи многу”.