118
Македонскиот фудбалер Марио Илиевски повеќе не е дел од бугарскиот прволигаш ЦСКА 1948. Откако една година ги бранеше боите на тимот од Софија, Илиевски и клубот решија да ги разделат патиштата.
Младиот напаѓач пристигна во Бугарија минатото лето од унгарската Кишварда со надеж дека ќе добие поголема минутажа и ќе се етаблира на меѓународната сцена, но очигледно не ги исполни очекувањата. Недостатокот на настапи во бугарското првенство резултираше и со тоа да не добие повик од селекторот Милевски на последните собири.
По официјалната разделба со ЦСКА 1948, Илиевски сега е во потрага по нов ангажман, а од јули се очекува да биде потврден неговиот нов клуб.