Напаѓачот на РБ
Лајпциг долго време се поврзуваше со трансфер во редовите на Ливерпул, но на
крајот заврши на Стемфорд Бриџ, Челси се сложи да ја плати неговата откупната
клаузула (според некои извори вредна 60 милиони евра, според други 55 милиони
евра, а според трети 53 милиони евра).
Според пишувањата
на Билд, Марина Грановскаја не штедела во преговорите со Тимо Вернер, па Германецот
добил договор од кој „боли глава“.
Весникот вели
дека напаѓачот ќе има основна плата од 15,5 милиони евра по сезона (или околу
270.000 фунти неделно) и ќе биде најплатен фудбалер во клубот. Како ова да е
малку, Тимо Вернер добил и премија од 11 милиони евра за параф на документите.
Челси исто така
превземал обврска да ја подмири и провизијата наменета за агентот на голгетерот.