Марибор го избрка Иличиќ, лошо влијаел на соиграчите!

by
1 минути читање

Марибор пред два дена загуби од љубљанска Олимпија со 1-2, а Иличиќ ги одигра последните 14 минути во кои не направи ништо посебно и денеска од клубот буквално го отпишаа.

Словенечката легенда е слободна да си бара друг клуб, а причина за неговото отпуштање е, како што вели тренерот Дамир Крзнар, лошото влијание врз соиграчите и уривање на атмосферата во соблекувалната и клубот.

Сега останува да се види што понатаму со Иличиќ, зашто преодните рокови веќе безмалку секаде се завршени, а нема да биде изненадување ако Словенецот се реши и за пензија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани