Марез и Грилиш влегоа во игра и донесоа победа за Сити во дербито со Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити со минимални 1-0 го совлада Челси на Стемфорд Бриџ и им се врати на победите по киксот против Евертон.

Проблемите за Грем Потер почнаа рано во мечот, во 5. минута Стерлинг се повреди, на негово место влезе Обамејанг. Во 22. минута се повреди и Пулишиќ, на негово место беше ставен Чуквуемеке.

Токму тој во првиот дел ја погоди стативата од голот на Манчестер Сити, малку фалеше Челси да поведе.

Во 60. минута Гвардиола направи двојна измена, во игра ги стави Грилиш и Марез и три минути токму тие беа архитектите на погодокот.

Грилиш додаде до Марез кој погоди за водство и победа на Сити од 1-0. Се чини дека Кепа Аризабалага можеше да ја фати таа топка, чудно е зошто не се обиде кога таа помина блиску до него.

Со оваа победа Манчестер Сити се врати на -5 бода во однос на лидерот Арсенал. Челси е на десетото место.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×