Енцо Мареска во понеделникот беше именуван за нов тренер на Манчестер Сити, а како што пренесуваат медиумите, Италијанецот планира голема чистка, можат да си заминат преку 10 фудбалери.
„Граѓаните“ започнуваат нов проект, Пеп Гвардиола се повлече од тренерското столче, а на негово место беше именуван Енцо Мареска.
Со италијанскиот стратег на кормилото, се најавуваат големи промени во играчкиот кадар, медиумите од „островото“ пренесуваат дека од Етихад можат да си заминат преку 10 играчи.
Бернардо Силва и Џон Стоунс веќе се збогуваа, а на излезна врата се Нејтан Аке, Матео Ковачиќ, Џејмс Трафорд, Нико Гонзалез, Омар Мармуш и Рубен Диаш.
Доколку пристигне примамлива понуда, клубот можат да го напушти и Тиџани Рајндерс, како и Савињо.
Калвин Филипс и Џек Грилиш, кои беа на позајмица минатата сезона, немаат иднина во Манчестер Сити, па и за нив ќе се бара решение.
Под знак прашалник е и иднината на Родри, кој на маса има нов договор, но одбива да стави потпис и чека да види дали ќе добие интересен предлог од друг клуб.
ФОТО: X/Manchester City