366
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Челси го „краде“ Тосин Адарабиојо од пред носот на Њукасл, преговорите се во завршна фаза.
На „сините“ им станува навика да им ги матат трансфер плановите на ривалите од Премиерлигата, па ја повторуваат приказната со Мудрик, Каиседо и Лавија.
Њукасл со недели работи на ангажаман на Тосин Адарабиојо, но клубот од „Сент Џејмс Парк“ по се изгледа ќе остане со празни раце.
Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Челси се вмешал во битката, преговорите се во завршна фаза и „сините“ сега се јасен фаворит за потписот на дефанзивецот.
Доколку се оди според планот, 26 годишниот Англичанец ќе биде прво засилување за Енцо Мареска.