73
34-годишниот син на легендарниот Марадона, на 5. ноември доби позитивен тест на коронавирус.
Отогаш неговата ситуација не се подобрила, тој постојано има висока температура и кашлица.
Поради влошената ситуација, Марадона Жуниор бил однесен во болница во Неапол, но информациите велат дека не е на интензивна нега, туку само да добие помош да се справи со симптомите кои ги има.
Тој влегува во болница само неколку дена подоцна откако неговиот татко излезе. На Марадона во Буенос Аирес му беше направена операција на мозокот поради крварење. Тој е во добра состојба.