Првиот човек на Хајдук, Лука Јакобушиќ веќе е во разговори со германскиот голман. Информациите велат дека Нојер нема да го продолжи договорот со Баерн кој му истекува идното лето, а би можел да замине уште во овој преоден рок.
Односите меѓу Нојер и Баерн Минхен веќе со месеци се влошени. Почнаа да се влошуваат кога Нојер ја скрши ногата на скијање за кое немаше дозвола од клубот, а кулминираа со бркањето на тренерот на голманите, Тончи Тапаловиќ кој му беше голем пријател и кум на славниот голман.
Нојер е заљубен во Далмација секое лето доаѓа на хрватското крајбрежје, а ланското лето од Германија дојде во Хрватска на велосипед. Дури се потенцира дека на последното доаѓање во Далмација, Нојер им ветил дека ќе игра за Хајдук, а веќе неколкупати и го облекол дресот на сплитската гордост во знак на почит кон клубот и регионот кој е болен по фудбал.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.