65
Јувентус не дозволи изненадување против Кротоне, италијанскиот шампиони со доминантна игра дојде до рутинска победа впишувајќи нови три бода.
Јуве долго го кришеше отпорот на Кротоне, конечно тоа се случи во 60. минута кога Манџукиќ постигна гол за водство од 1-0.
По воведниот гол беше полесно, 15 минути подоцна Игуаин постигна гол за конечни Кротоне – Јувентус 0-2.
По 23 одиграни кола Јувентус е прв со седум бода пред Рома и девет пред Наполи.