Манчини уште не може да се помири со елиминацијата од Македонија: Италија заслужи да биде на Светско

by
2 минути читање

Селекторот Роберто Манчини уште не може да се помири дека тие нема да играат на Мундијалот. Повторно зборуваше за нивната елиминација.

„Многу тешко живеам од март. Заслуживме да одиме, но за жал ги пропуштивме нашите шанси“, вели Манчини.

„Фудбалот е тоа, после големо задоволство, доаѓа големо разочарување и сега не можеме да направиме ништо. Светско првенство без Италија е различно, треба да работиме напорно за да не дозволиме да се случи уште еднаш“.

„Ова ќе биде тежок месец… Со горчината која можеби ја чувствуваме во моментов, ќе треба да ги играме нашите натпревари, има работи кои треба да се видат и да се проценат“.

„Има работи кои ќе ни бидат од корист од март па наваму, иако немаат никаква вредност натпреварите кои ги играме, ќе можеме да пробаме нови момци и некои тактики“.

„Против Албанија се надевам дека ќе одиграме добар натпревар, тие не се слаби. Се надевам дека ќе бидеме добри, па ќе видиме како ќе биде“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани