Многумина сметаат дека Манчини имал договор со Саудијците претходно, а причините дека фудбалската федерација на Италија му се мешала во изборот на стручниот штаб и затоа поднел оставка, се само изговор. Главната причина на Манчини за оставката се парите од Саудијците.
Италијанскиот стратег ги демантира ваквите тврдења велејќи дека немал договор со Саудиска Арабија пред да замине од кормилото на Италија.
„Многу од вас ме прашаа за причината за моето заминување од националниот тим и времето на потпишување со Саудиска Арабија. Верувам дека многу од вас се збунети поради пишувањата во медиумите. Од друга страна, дезинформации и манипулации имаше наоколу долго време“, им се обрати Манчини на фановите на социјалните мрежи.
„Тајмингот е нешто за што зборував и на прес конференцијата вчера, вистинскиот и конкретниот контакт со претставниците на Саудиска Арабија датира од 18 август, не претходно“.
„Оние кои навистина го познаваат фудбалот знаат дека времето за да се постигне договор е екстремно брзо, потребни се само неколку дена“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.