Манчини се прости од Михајловиќ: Се бореше како лав до самиот крај, но ова ужасна болест…

by
1 минути читање

Синиша Михајловиќ ја загуби битката со леукемијата, српската фудбалска легенда почина на 53-годишна возраст.

Пораки со сочувство пристигнуваат од сите страни, а вечерва од својот добар пријател се прости и Роберто Манчини.

Двајцата беа соиграчи во Сампдорија и Лацио, Италијанецот потоа му беше тренер на Србинот во Лацио и Интер, а подоцна Михајловиќ стана дел од тренерскиот персонал на Манчини на „Џузепе Меаца“.

„Ова е денот кој никогаш не сакав да го доживеам, загубив пријател со кого поделив 30 години од мојот живот, како на теренот, така и надвор од теренот“ – гласеше пораката на Манчини.

„Не е фер тоа што таква ужасна болесет му го зеде животот на 53-годишен човек, кој се бореше како лав до самиот крај, како што тоа го правеше и на терените“.

„И токму таков Синиша ќе остане покрај мене, иако повеќе нема да биде помеѓу нас“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×