255
На Манчини му фали клупскиот фудбал во кој има секојдневна работа за разлика од репрезентацијата во која има многу помалку мечеви.
Италија на Европското првенство се пласира со 10 победи од 10 натпревари, покрај ЕП, Манчини ќе ја води селекцијата и на Мундијалот во Катар по што ќе му се врати на клупскиот фудбал.
„Нема да бидам селектор на Италија по Светското првенство во Катар 2022. Ќе му се вратам на клупскиот фудбал“, изјави Манчини.
„Не знам кој би ме наследил, но има многу тренери кои можат да бидат селектори. Алегри, Анчелоти и Гасперини на пример, тие можат да бидат селектори на националниот тим“.