„Манчини ќе биде пратен во пеколот затоа што Италија ја замени со Саудиска Арабија!“

by
3 минути читање

Манчини во 2018 година стана селектор на Италија по што направи голем успех освојувајќи го Европското првенство. Македонија го спречи да се квалификува на Мундијалот во Катар, но продолжи да ја извршува функцијата.

Имаше тензија со Фудбалската федерација на Италија која му се мешаше во именувањето на лица во стручниот штаб. Манчини тоа го наведе како причина за оставката која си ја поднесе.

Тој пред неколку дена за италијанските медиуми рече дека бил третиран како „сериски убиец“ и затоа си заминал. Но, на неговите зборови се фрли сомнеж со фактот дека тој многу брзо по оставката беше назначен за селектор на Саудиска Арабија.

Осуди за Манчини стигнуваат од сите страни во Италија.

Градоначалникот на Пезаро поднесе формално барање за отстранување на статусот на Манчини како туристички симбол на регионот Марке од каде што потекнува.

А во изјавите воопшто не се штедеше претседателот на италијанскиот тим на свештеници кој смета дека Манчини би одел во пеколот за тоа што го направи.

„Ако му судам на Манчини на човечко ниво, би рекол дека не изгледа тоа добро“, изјави Дон Џордан Кораља.

„Како би можел да го покаже лицето следен пат кога ќе треба да направи било што со Италија? Секогаш ќе биде осудуван како човек кој ја одбил својата земја. Данте би го пратил во пеколот!“.

„Доколку неговиот избор го диктирале само парите, тогаш Манчини треба да знае дека на крајот не може да оди во рајот. Како христијанин, се чудите зошто ви се потребни сите тие пари? Размислете за човечкиот аспект“.


@2024 – Сите права задржани