Манчестер Сити заврши уште едно засилување, доаѓа Рајан Черки!

by 24 фудбал
0 минути читање

Манчестер Сити не мирува на трансфер пазарот – „граѓаните“ договорија ново звучно засилување, откако постигнаа целосен договор со Олимпик Лион за Рајан Черки.

Англискиот шампион ќе плати околу 35 милиони евра за услугите на францускиот офанзивец, кој важи за еден од најталентираните млади играчи во Европа. Веќе се договорени последните детали, а во наредните денови се закажани медицинските прегледи и потпишувањето на договорот.

Черки треба да му се стави на располагање на Пеп Гвардиола пред настапот на Светското клупско првенство, каде што Сити ќе атакува на уште еден трофеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани