Манчестер Сити постави нови граници кога е во прашање трансфер пазарот, клубот од „Етихад“ во последниот ден од преодниот рок инвестираше 220 милиони евра во двајца играчи, а на засилувања ова лето потроши повеќе од половина милијарда евра.
„Граѓаните“ срушија неколку рекорди на трансфер пазарот, Манчестер Сити ова лето трошеше како никој претходно.
Клубот од „Етиахд“ во последниот ден од преодниот рок го реализираше најскапиот трансфер ова лето, за услугите на Енцо Фернандез плати 125 милиони фунти, или околу 145 милиони евра.
Покрај тоа што го направи Аргентинецот најскапиот играч во Премиерлигата (заедно со Александер Исак од Ливерпул), Сити инвестираше и 65 милиони фунти (околу 75 милиони евра) во Илиман Ндиаје од Евертон, за потрошени 220 милиони евра во 24 часа.
Претходно беа платени 135 милиони евра за Елиот Андерсон од Нотингем Форест, како и 100 милиони евра за Ајуб Буади од Лил.
40 милиони беа одвоени за Алан од Палмеирас, уште 25 милиони за Матис Детурбе од Троја, 11 милиони евра за Џереми Монга од Лестер, како и по 3,5 милиони евра за Херонимо Руљи од Марсеј и Пирс Чарлс од Шефилд Венздеј.
Се на се, беа потрошени околу 540 милиони евра, со што беше соборен и рекордот на Ливерпул за најголема инвестиција во еден преоден рок, „црвените“ минатото лето одвоија околу 485 милиони евра на засилувања.
ФОТО: X/Manchester City