Манчестер Сити сигурен на стартот на Светското клупско првенство! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити со сигурна игра и два гола во првиот дел го скрши отпорот на Видад Казабланка и го отвори Светското клупско првенство со три бода, славејќи со 2-0 во Филаделфија.

Тимот на Пеп Гвардиола го реши натпреварот уште во првите 45 минути, кога беше и најрасположен. Каталонскиот стратег реши да им даде доверба на новите имиња во средниот ред, па од првата минута стартуваа Тијани Реијндерс и Рајан Черки, додека Рајан Аит Нури остана на клупата.

Мечот штотуку почна, а Сити веќе водеше. По само две минути игра, мароканската одбрана се заплетка во својата шестнаесетка, Савињо шутираше, топката беше изблокирана, а Фил Фоден реагираше најбрзо и ја смести во мрежата за 1-0. Видад се обиде да возврати преку брза контра, но Маилула не успеа да го совлада Едерсон во зицер ситуација. Казната стигна пред паузата – Џереми Доку се најде на вистинското место по корнерот на Фоден и во 42. минута го постави конечниот резултат.

Во второто полувреме Сити не форсираше, туку рутински го приведе мечот кон крај. Единствен пех беше исклучувањето на Рико Луис во самата завршница, што му донесе мала главоболка на Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×