Манчестер Сити се подготвува за заминување на Гвардиола, има листа со три имиња

by bojan
1 минути читање

Пеп Гвардиола е под договор со „граѓаните“ до јуни 2025, се верува дека нема да стави потпис на нова соработка и Манчестер Сити веќе размислува за негов наследник.

Иднината на Пеп Гвардиола е една од топ темите во Англија денска, стратегот има валиден договор со Манчестер Сити и за сезоната 2024/25, но прашање е што понатаму.

„Граѓаните“ сакаат да ја продолжат соработката, но се верува дека Шпанецот уште сега одлучил дека ова ќе биде негова последната година и следното лето заминува.

Наводно клубот од Етихад веќе се подготвува за едно вакво сценарио и направил листа со потенцијални наследници.

Три имиња се издвојуваат, стануа збор за Чаби Алонсо од Баер Леверкузен, Мичел од Жирона и Јулијан Нагелсман, кој во моментов е селектор на Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани