Манчестер Сити подготвува 100 милиони за тинејџерот кој блесна на Светското првенство

by bojan
1 минути читање

„Граѓаните“ планираат уште една голема инвестиција во средниот ред, нова желба е Ајуб Буади од Лил, кој блесна на мундијалот во САД.

Манчестер Сити веќе договори рекордно засилување, ќе плати 116 милиони фунти (околу 135 милиони евра) за ангажман на Елиот Андерсон од Нотингем Форест.

Но како што објави Атлетик, „граѓаните“ се подготвени да инвестираат 100 милиони евра за ангажман на Ајуб Буади од Лил.

18 годишното момче блесна на мундијалот во САД со своите одлични партии и го привлече вниманието на многу клубови.

Според информациите ан Атлетик, Енцо Мареска е подготвен веднаш да му даде шанса на Ајуб Буади во првиот тим, за разлика од ривалите, кои преферираат Мароканецот да остане уште сезона на калење во Лил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×