Манчестер сити не запира: За 60 милиони евра Гвардиола добива ново засилување!

by Стефан
1 минути читање

Дефинитивно Манчестер сити е екипата која го обележа јануарскиот преоден рок. Според последните информации на Фабрицио Романо, „граѓаните“ одлучиле да ја платата клазулата за фудбалерот на Порто и „дете на Барселона“, Нико Гонзалес.

Станува збор за 23 годишен фудбалер од средниот ред кој во неговиот договор има откупна клазула од 60 милиони евра. Гонзалес одлучи да ја напушти Барселона поради големата конкуренција во 2023 година, иако кај Чави добиваше шанса.

Претходно играше на позајмица во Валенсија и не сакаше да ја чека својата шанса, Порто ја искористи ситуацијата и го доведе за осум милиони евра. Барселона сепак договори 40% од сумата од неговиот нареден трансфер.

Ако Сити ја плати неговата клазула од 60 милиони евра, тогаш Порто ќе добие 36, а Барселона 24 милиони евра. За

Барселона тоа би значело дека обезбедува буџет за Рашфорд кого се обидува да го доведе на позајмица до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани