Манчестер Сити го врати голманот кој си замина од клубот пред десет години

by Стефан
1 минути читање

Манчестер Сити официјално го потврди трансферот на аргентинскиот голман Херонимо Рули, кој по речиси десет години повторно ќе го облече дресот на англискиот гигант.

Искусниот 34-годишен чувар на мрежата пристигнува од Марсеј и со „граѓаните“ потпиша договор до летото 2028 година. Според информациите од британските медиуми, Сити за неговиот трансфер ќе плати околу 1,7 милиони фунти.

За Рули ова е враќање на добро позната адреса. Аргентинецот веќе беше дел од Манчестер Сити во сезоната 2016/17, но тогаш не доби ниту една шанса за настап во првиот тим.

Сега, речиси една деценија подоцна, се враќа на „Етихад“ со огромно искуство зад себе. Во меѓувреме бранеше во неколку европски лиги, но беше дел и од репрезентацијата на Аргентина.

Рули досега запиша осум настапи за сениорската селекција на Аргентина, а беше дел од тимот кој во 2022 година ја освои светската титула во Катар. Две години подоцна беше во составот и при освојувањето на Копа Америка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×