1,K
Англискиот гигант Манчестер сити доби важна битка со Премиер лигата откако правилата за спонзорство во период од 2021 до 2024 година се прогласија за неважечки.
За Манчестер сити ова беше победа по долгогодишна правна битка, а последиците би можеле драстично да влијаат на финансиските регулативи на Островот.
Медиумите најавуваат дека може да дојде до низа тужби од клубови кои сега имаат прави да бараат компезации за одредени работи што им се случуваа во тој период.
Во Манчестер сити ова го сметаат за голема победа, додека лигата би можела да се соочи со големи трошоци и до десет милиони фунти.