Медиумите од Италија пренесуваат дека „ѓаволите“ стапиле во контакт со агентите на Хакан Чалханоглу и опипувале терен за трансфер.
Хакан Чалханоглу денеска се најде во центарот на вниманието откако јавно беше прозван од капитенот Лаутаро Мартинез.
Турчинот изминатиов период често се поврзува со трансфер во Галатасарај, дури и се пишуваше дека тој го молел Интер да му дозволи да се пресели во Истанбул.
Но како што пренесуваат медиумите од Италија, Галатасарај не е единствениот клуб кој пројавува интерес.
Манчестер јунајтед стапил во контакт со агентите на Хакан Чалханоглу и опипал терен за трансфер.
Интер постави цена од 40 милиони евра за услугите на фудбалерот од средниот ред, па останува да се види дали „ѓаволите“ ќе достават конкретен предлог.
Во моментов, Галатасарај не сака да плати повеќе од 15 милиони евра.