Како што пренесува Тајмс, Тотнем верува дека може да го победи Манчестер јунајтед во битката за потписот на Матеуш Фернандеш, „спарси“ се подготвени да платат 80-85 милиони фунти.
Матеуш Фернандеш е едно од играчите на Вест Хем кои привлекуваат големо внимание по испаѓањето на „чеканите“ во втора лига.
Манчестер јунајтед се посочуваше како клубот кој пројавува најсериозен интерес, но последните информации велат дека Тотнем е тој кој може да ја добие трката.
Поради големиот интерес, Вест Хем постави цена од околу 85 милиони фунти, Манчестер јунајтед смета дека фер вредност е 60 милиони фунти, и реши да не брза.
„Спарси“ го искористија ова, како што пренесува Тајмс, тие се подготвени да платат помеѓу 80 и 85 милиони фунти, и веруваат дека можат да ги победат „ѓаволите“ за потписот на Португалецот.
Останува да се види каква ќе биде иднината на Матеуш Фернандеш, одреди извори велат дека Вест Хем мора да продава до крајот на јуни за да ги балансира сметките, а тоа би значело и брза разврска на иднината на фудбалерот од средниот ред.
ФОТО: X/West Ham United