Медиумите од „островото“ пренесуваат дека „ѓаволите“ останале шокирани од барањата на Борусија Дортмунд и цената од 120 милиони евра (103 милиони фунти ) за ангажман на Феликс Нмеча.
Манчестер јунајтед ова лето веќе го капариса Едерсон од Аталанта, но сака да донесе барем уште едно засилување за средниот ред.
На листата со желби има неколку имиња, но проблем е што сите тие се многу скапи.
„Ѓаволите“ не сакаа да наддаваат за ангажман на Матеуш Фернандеш од Вест Хем, кој се пресели за 85 милиони фунти во Тотнем, а ниту пак помислуваа да одвојат 100 милиони фунти за Сандро Тонали, кој исто така заврши во Тотнем.
„Атлетик“ објави дека Феликс Нмеча е уште една опција, но на Олд Трафорд останале шокирани од барањата на Борусија Дортмунд.
Клубот од „Сигнал Идуна Парк“ не е под притисок да го продаде Германецот, па доколку некој сака да го купи, ќе мора да понуди 120 милиони евра (околу 103 милиони фунти).
И секако, Манчестер јунајтед не помислува да плати ваква сума, осбено што во минатото имаа неколку скапи грешки.
ФОТО: X/Borussia Dortmund