Манчестер јунајтед може да остане без Фернандеш: Еден клуб веќе тргнал по потписот на Португалецот

by Стефан
1 минути читање

Саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал сериозно тргна во потрага по засилувања за летниот преоден рок, а на врвот на нивната листа се најде капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.

Ова би можел да биде еден од најзвучните трансфери во претстојниот период, но засега целиот процес е далеку од завршен. Португалскиот плејмејкер сезонава без дилеми е најдобриот играч на „црвените ѓаволи“ и се поставува прашањето дали тимот воопшто ќе успееше да стигне до финалето на Лига Европа без неговиот придонес.

Фернандеш е вистински лидер на теренот, фудбалер кој го држи тимот во живот во клучните моменти, па евентуалното негово заминување би било тежок удар за Манчестер јунајтед.

Сепак, Ал Хилал веќе испратил силен сигнал дека има сериозна намера, а кога станува збор за клубовите од Саудиска Арабија, добро е познато што е нивниот најсилен аргумент, финансиската моќ. Според првичните информации, „сините“ се подготвени да понудат сума која тешко може да се одбие.

Останува да се види дали Јунајтед ќе биде подготвен да се откаже од својот клучен играч и дали самиот Фернандеш би прифатил трансфер на Блискиот Исток.

Фото: Manchester United/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани