Манчестер Јунајтед ја одреди цената за Рашфорд, ќе има многу заинтересирани

by riste
1 минути читање

Маркус Рашфорд кој игра како позајмен фудбалер во Астон Вила, нема да заигра повторно за Јунајтед, се очекува на лето да биде продаден.

Според англискиот весник „Телеграф“, Манчестер Јунајтед бара 40 милиони фунти за да го продаде Рашфорд.

Ова е сума која не би требало да биде проблем за голем дел од европските гиганти, но прашање е кои од нив се интересираат за Англичанецот.

Тој сака трансфер во Барселона, подготвен е да игра и за помала плата, но неизвесно е дали Каталонците би платиле обештетување.

Се верува дека нема да биде тешко за Рашфорд да го најде следниот клуб со оглед на неговите добри игри во дресот на Вила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани