„Манчестер јунајтед и Тотнем не заслужуваат место во Лигата на шампиони, имаат очајни сезони!“

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Монако, Арсенал, Барселона и Челси, Емануел Пети вели дека Манчестер јунајтед и Тотнем не заслужуваат место во Лигата на шампионите поради тоа што имаат очајни сезони.

„Ѓаволите“ вчера со 0-3 славеа против Атлетик Билбао а Тотнем со 3-1 го совладаа Бодо/Глимт, и направија значаен чекор кон финале и битка за место во Лигата на шампионите, кое го добива освојувачот на Лига Европа.

Но Емануел Пети не се сложува со ова, смета дека двата клуба имаат очајна сезона па не треба да бидат дел од најелитното европско натпреварување.

„Тотнем и Манчестер јунајтед имаат шанса да си ја спасат сезоната, но дали заслужуваат да играат во Лигата на шампиони? Апсолутно не, двата тима имаат очајна сезона и не заслужуваат догодина да бидат дел од најелитното европско натпреварување“ – вели поранешниот фудбалер на Монако, Арсенал, Барселона и Челси.

„Да бидам искрен, доколку еден од овие два клуба ја освои Лига Европа, тоа нема да биде фер“.

Манчестер јунајтед и Тотнем во моментов се во долниот дел од табелата во Премиерлигата, „ѓаволите“ со 39 бода се на 14. место, додека пак Тотнем со 37 бода е на 16. место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани