Манчестер Сити
планира да го обнови интересот за Лионел Меси, а веројатно е дека
Премиерлигашот нема да чека до летниот преоден рок, па тоа ќе го стори уште во
јануари.
„Граѓаните“ се
обидоа да дојдат до потписот на Аргентинецот во летниот преоден рок откако тој
јавно објави дека сака да си замине од Барселона, за што го извести и клубот,
меѓутоа од Манчестер Сити наидоа на „блокада“ во однос на астрономската откупна
клаузула во висина од 625 милиони фунти, што воедно беше и контроверзна тема
околу ситуацијата со Меси.
Како и да е,
според пишувањата на „Сан“, Премиерлигашот ќе се обиде уште на полусезоната да
го доведе Меси во своите редовите, а таквата опција кај Пеп Гвардиола е
поверојатна отколку да се чека до идното лето, кога Аргентинецот ќе биде
слободен играч на трансфер пазарот.
„Сан“ наведува
дека понуда до 50 милиони фунти би била и повеќе од доволна да се убедат
челниците на Барселона да прифатат продажба на шесткратниот освојувач на
Златната топка, пред да останат со празни раце, а клубот инаку е во тешка
финансиска криза и има долгови кои достигнаа до 440 милиони фунти.
Во моментов, Меси
е најскапо платен фудбалер на Барселона со неделна плата од 500,000 фунти,
односно 26 милиони фунти на годишно ниво.