Манчестер Сити трие раце, Реал Мадрид и Челси се приклучија во трката за Жесус

by
1 минути читање

Габриел Жесус има
уште една година од договорот, Манчестер Сити не му нуди продолжување на
соработката па напаѓачот ова лето ќе замине од „Етихад“.

Арсенал и Тотнем
први пријавија интерес за услугите на Бразилецот, а последните информации велат
дека во трката се приклучиле и Реал Мадрид и Челси.

Манчестер Сити
бара помеѓу 45 и 50 милиони евра за услугите на Габриел Жесус, па шампионот на
Англија трие раце и многу е веројатно дека со продажба на играчот ќе успее да покрие
голем дел од сумата која ја платија за ангажман на Ерлинг Халанд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани