Ромелу Лукаку е
целта на Манчестер Сити за засилување во нападот по проблемите кои го снајдоа
Пеп Гвардиола на таа позиција, па постои можност Белгиецот да се врати во
Премиерлигата.
Дека Гвардиола се
соочува со проблем на централната напаѓачка позиција, доволно говори и фактот
што на дербито кај Ливерпул кое „Граѓаните“ го добија со убедливи 1-4, немаа
препознатлив напаѓач, а отсуствуваа Габриел Жесус и Серхио Агуеро.
Големи се
очекувањата Агуеро да си замине од редовите на Манчестер Сити по десет години минати
во тој клуб, а „Атлетик“ наведува дека токму 27 годишниот Лукаку се дискутира како опција за
летниот преоден рок во клубот.
Лукаку постигна
20 погодоци за Интер во сите конкуренции во новата сезона, а за италијанскиот
прволигаш потпиша по трансферот од Манчестер јунајтед, а има важечки договор со „Нероаѕурите“ до 2024 година.