265
Натпреварот почна со шпалир кој го направија играчите на Манчестер Сити за фудбалерите на Ливерпул кои на Етихад влегоа како нови шампиони на Англија.
Но откако почна мечот домаќините немаа почит за противникот, напротив ја наполнија неговата мрежа.
Де Брујне погоди од пенал, по еден гол дадоа Стерлинг и Фоден, а серијата заврши со автогол на Окслејд Чембрлејн.
Во текот на мечот Ливерпул имаше неколку убави шанси за гол, погодија и статива, но не успееа да ја затресат мрежата на Едерсон.