Манчестер Сити сепак е пресилен за Црвена звезда (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити од самиот почеток вршеше вистинска инвазија кон голот на Црвена зведа, но Глазер со успешни интервенции ја чуваше мрежата.

По една контра во самиот финиш од првиот дел, Букари даде гол за шокантно водство на Црвена звезда од 1-0.

Но, по само две минути игра во второто полувреме Хуан Алварез изедначи на 1-1. Истиот фудбалер во 60. минута го сврте резултатот и донесе водство на Манчестер Сити од 2-1 по еден голем кикс на голманот Глазер.

Конечните 3-1 ги постави Родри со погодок во 73. минута од натпреварот.

Во оваа група претходно се одигра мечот меѓу Јанг Бојс и Лајпциг, гостите победија со 3-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани