Манчестер Сити сака да добие уште една битка со Арсенал, овојпат на трансфер пазарот

by
2 минути читање

Откако Манчестер Сити со неверојатна серија во финишот од сезоната го победи Арсенал во трката за титулата во Премиерлигата, сега сака да го победи и на трансфер пазарот со тоа што ќе му го земе Деклан Рајс.

Рајс е голема желба на Микел Артета, но како што сега стојат работите, се чини дека ќе остане без овој играч.

Додека Арсенал се ценкаше со Вест Хем за да плати што е можно помалку, во игра се вклучи Манчестер Сити со конкретен интерес. Со оглед на тоа што граѓаните имаат повеќе пари на располагање, тие стануваат фаворити. Наводно нивната прва понуда изнесува 75 милиони фунти плус 15 милиони фунти во бонуси.

Според Џанлука Ди Марцио, сега Деклан Рајс е поблиску до трансфер во Сити отколку во Арсенал.

Интерес за Рајс има и од Манчестер јунајтед кој размислува за интересна понуда 40 милиони фунти плус Мегваер и Еланга.

Се верува дека кулминацијата за трансферот на Рајс ќе се случи деновиве и наскоро ќе биде познато кој ќе биде неговиот нов клуб.

@2024 – Сите права задржани