Манчестер Сити
минатото лето му ги продаде Габриел Жесус и Олександр Зинченко, но откако
„топчиите“ до последно коло им конкурираа на „граѓаните“ за титулата во
Премиерлигата, клубот од Етихад сега одбива да седне на маса со ривалот.
По повредата на
Јуриен Тимбер, Арсенал го идентификуваше Ајмерик Лапорт како потенцијално
засилување, но Манчестер Сити не сака да им го продаде дефанзивецот.
За да не биде
ставен во непријатна ситуација, Манчестер Сити прифати понуда од Ал Наср, во
моментов нема детали за сумата, само се пишува дека предлогот ги задоволил
барањата на „граѓаните“.
Сега Ајмерик
Лапорт треба да ги договори личните услови со Ал Наср и да одлучи дали ќе им се
приклучи на Кристијано Роналдо, Садио Мане, Марсело Брозовиќ и останатите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.