Манчестер Сити лесно против Мидлзбро за полуфинале во ФА Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити е
првиот патник во полуфиналето од ФА Купот, избраниците на Пеп Гвардиола
попладнево со 0-2 славеа во дуелот со Мидлзбро.

Силва го отвори
резултатот во 3. минута. Шпанецот се најде на право место во право време и од
пет метри ја затресе мрежата на домаќините.

Победникот беше решен
во 67. минута. Сане го проигра Агуеро во срцето на шеснаесетникот а
Аргентинецот рутински го матираше Гузан за 0-2


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани