Манчестер Сити им се врати на победите, Стерлинг донесе победа на Сент Мерис (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Манчестер Сити уште еднаш не покажа дека ги решил проблемите со ефикасноста, но овој пат еден гол беше доволен за да ги освои трите бода.

Клучниот момент се случи во 16. минута кога Кевин Де Брујне асистираше до Стерлинг а тој погоди за водство на Манчестер Сити од 1-0 кое значеше и победа.

Саутемптон брзо потоа се закани преку Волкот и Ингс, но до крајот не направи доволно во офанзивата за да избегне пораз.

Манчестер Сити имаше неколку шанси и за поубедлив триумф, но задоволни ќе бидат и со овој резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×