Манчестер Сити и Гвардиола нема да ја чекаат 2022, летоска со 100 милиони фунти ќе тргнат по потписот на Халанд

by
1 минути читање

„Граѓаните“ се подготвуваат за живот без најдобриот стрелец во својата историја, Кун Агуеро. На листата со желби има неколку имиња и се верува дека на врвот е Ерлинг Халанд, кој игра во фантастична голгетерска форма во Борусија Дортмунд.

Норвежанецот има откупна клаузула од 75 милиони евра, но таа се активира дури во 2022 година.

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола не сакаат да чекаат, па уште летоска ќе тргнат во офанзива.

Според пишувањата на Мирор, тие се подготвени да платат 100 милиони фунти (околу 115 милиони евра) за да го ангажираат напаѓачот и да ја победат конкуренцијата.

Весникот додава дека играчот го чека богата плата од околу 400.000 фунти неделно на Егихад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×